15.8 C
Скопје
15:44 - 29 октомври, 2026

„Се ежам кога го гледам видеово“: Јелена Томашевиќ се преплаши од богомолка на концертот во Охрид

Српската пејачка Јелена Томашевиќ и нејзиниот сопруг, актерот и пејач Иван Босиљчиќ, синоќа одржаа концерт во Античкиот театар во Охрид синоќа.
Пред бројната публика, Јелена и Иван приредија музичка вечер во која се испреплетуваа нивните песни, македонските и регионалните евергрини, но и емотивните сеќавања на големите уметници кои повеќе не се меѓу нас. Токму синоќа Томашевиќ и Босиљчиќ со публиката во Охрид прославија и 15 години од бракот.

„Добра вечер, Охрид, на еден навистина посебен ден, кога славиме 15 години од нашиот брак. Затоа ви благодарам што сте вечерва тука, што заедно и прославуваме и пееме, бидејќи велат дека љубовта е најубава кога се дели, а ние вечерва ја делиме со вас. Дами и господа, радувајте се секогаш и секаде! Ние сме многу среќни што сме вечерва овде со вас“, рече Босиљчиќ.

Но Јелена на Инстаграм сподели и една мала непријатност што ѝ се случи додека пееше. На фустанот ѝ застана голема богомолка и Јелена панично се обидуваше да ја тргне. Еден посетител од публиката се обиде да ѝ помогне, но безуспешно. За среќа, како што напиша Јелена „мажот е секогаш тука кога треба“, односно Иван Босиљчиќ ѝ дојде на помош и ја тргна богомолката.

Слични објави

(Фото) Македонската музичарка Мартина Блажеска очекува близнаци: „Од двајца ќе станеме четворица“

К.С.

Цвеќиња што ја разубавуваат есента — што да засадите на балконот во октомври?

К.С.

Драгана Беквалац скршена од болка по ненадејната смрт на миленикот: „Здрав како дрен, а замина за неколку минути“

Е.А.

(Фото) Адријан Гаџа и сопругата Сидорела во елегантни изданија на свадба — пејачот позираше и со родителите

К.С.

Нови шокантни детали за Беби Дол: Соседите тврдат дека е исфрлена од станот поради хаосот што го направила

Е.А.

(Видео) 20 години без Наско Џорлев – авторот на една од најубавите љубовни песни „Не кажувај либе добра ноќ“

Еспресо
Се вчитува....