2.8 C
Скопје
02:59 - 14 март, 2026

„Сè беше лага“: Милиони плачеа поради настапот на Селин Дион на отворањето на Олимписките игри, а сега се појави шокантната вистина

Музичките експерти тврдат дека настапот на пејачката Селин Дион на почетокот на овогодинешните Олимписки игри во Париз бил однапред снимен, пренесува Liberation.

Таа воодушеви милиони со нејзиното враќање на сцената, додека ја пееше „Hymne à L’amour“ пред Ајфеловата кула. Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека нејзиниот настап бил „емотивен врв“ на целиот настан.

Меѓутоа, во петокот, угледниот француски весник Либерасион објави дека настапот „без нималку сомнеж“ бил претходно снимен, цитирајќи бројни експерти од музичката индустрија.

Претставниците на организаторите на Олимписките игри одбија да одговорат на прашањата за настапот, иако претходно инсистирале дека навистина се се одвивало во живо.

„Тоа шо го слушнавме на ТВ беше однапред снимено“, рече композиторот Етјен Жеру за Либератион.

Со композиторот се согласил и познат инженер на звук кој сакал да остане анонимен, објаснувајќи дека тој е 100 отсто во право, бидејќи „се слуша од првите ноти“ дека е снимено. Несомнено се согласија и нивните други соговорници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Музичарот Wings of Pegasus на Јутјуб коментираше дека пробата и вистинската изведба звучеле сосема исто, што е невозможно, бидејќи секогаш ќе има варијации помеѓу двете верзии на песната во живо.

Настапот на Олимпијадата требаше да биде триумфално враќање за Селин Дион, која се бори со неизлечива невролошка болест која предизвикува вкочанетост на мускулите и зголемена чувствителност на звук, допир и емоционални дразби.

 

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....