19.8 C
Скопје
18:09 - 9 октомври, 2026

Саша Ковачевиќ ги одложи концертите по операцијата: Организаторите ги открија деталите

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ ги одложи концертите што требаше да ги одржи во октомври, по операцијата на која беше подложен пред околу 20 дена. Организаторите на настапите ја потврдија информацијата и соопштија дека новите датуми ќе бидат објавени дополнително.

Станува збор за концертите закажани за 16 октомври во Крагуевац и за 17 октомври во Шабац. Од организацијата „Мелос естрада“ информираа дека настапите се презакажани, а публиката навреме ќе биде известена за новите термини, пренесуваат српските медиуми.

Ковачевиќ беше опериран пред околу три недели, но оттогаш не се огласил во јавноста за својата здравствена состојба. Засега нема дополнителни официјални информации за причината за одложувањето на концертите, ниту за тоа кога пејачот би можел да се врати на сцената.

Покрај професионалните обврски, во животот на пејачот претстои и голема семејна промена. Саша Ковачевиќ и неговата сопруга Зорана Тасовац го очекуваат своето заедничко дете.

Пејачот претходно откри дека извесно време ја чувале бременоста во тајност, сè додека не се увериле дека сè е во ред.

„Многу сме среќни и го чекаме денот кога ќе ни пристигне малиот Ковачевиќ или малата Ковачевиќ“, изјави тој.

Ковачевиќ зборуваше и за тоа дали посакува момче или девојче. Иако призна дека му е важно семејната лоза да продолжи, откри дека би сакал да добие ќерка, бидејќи има посебна врска со Искра, ќерката на Зорана од претходната врска, со која живее уште од нејзината втора година.

„Би сакал да биде девојче, но ако биде момче, ќе бидам среќен“, рече пејачот.

Засега останува да се види кога Ковачевиќ ќе се врати на настапите и дали наскоро ќе сподели повеќе детали за закрепнувањето.

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ покажа што сè чува на својот имот: Фарма полна со животни и приватен хиподром

Еспресо

Весна Змијанац и Николја уживаат во Милано: Пејачката се фотографираше без шминка

Еспресо

Скандал и нови правила на „Мис Бугарија“: Забранети се силиконите и естетските корекции, фокусот е ставен на образованието

E.A.

(Фото) Албанската новинарка стана хит бидејќи се појави на теренот во штикли и мини здолниште

Еспресо

(Видео) „Долго ја чувавме нашата тајна“: доаѓа принова во семејството на Теодора Џехверовиќ

Еспресо

Драгана Клопчевска откри детали од бракот со Брејк: „Ако некоја му се пушта, јас прва ќе реагирам“

apostolova
Се вчитува....