13.8 C
Скопје
12:42 - 30 октомври, 2026

(Фото) Вељко Ражнатовиќ покажа што сè чува на својот имот: Фарма полна со животни и приватен хиподром

Вељко Ражнатовиќ, синот на Цеца Ражнатовиќ, ужива во животот далеку од белградската гужва. Тој во Тител, родното место на неговата сопруга Богдана, изградил голем семеен имот на кој одгледува различни животни.

Ражнатовиќ сега сподели снимки од своето имотo на социјалните мрежи, покажувајќи дел од животните што ги чува. На фармата има коњи, овци, свињи и крави, а во прошетката низ имотот му се придружила и сопругата Богдана.

Пространиот имот нуди доволно место за семејниот живот, но и за земјоделските активности со кои Вељко сè повеќе се занимава. Животот во Тител го заменил со оној во Белград, а во повеќе наврати зборувал дека мирот и секојдневието на село многу повеќе му одговараат.

„Се уверив навреме дека Белград не го нуди вистинскиот пат. Во Белград сè е погрешно – мала бара полна со крокодили, како што би се рекло. Сè што може да те дочека, ако победиш, ќе ти дојде на наплата на еден или на друг начин“, изјавил Вељко во една пригода.

Тој претходно зборувал и за периодот од младоста, кога, како што самиот признал, се коцкал и играл рулет, трошејќи големи суми пари.

„Како дете бев дегенерик. Тогаш и се коцкав и играв рулет, трошев огромни пари на музика. Навреме видов сè што нуди Белград“, признал тој во гостувањето во „Лагани подкаст“.

Покрај спортот, развива и земјоделски бизнис
Вељко, кој се занимава со бокс, истовремено го развива и својот бизнис во Тител. Покрај фармата за свињи, тој изградил и приватна ергела со мал хиподром.

Според пишувањата на српските медиуми, станува збор за семеен проект на кој Ражнатовиќ му посветува значителен дел од времето. И кога е отсутен, наводно продолжува да ги следи работните обврски и да учествува во организацијата на работата.

Со ваквиот начин на живот, Вељко очигледно пронашол рамнотежа меѓу спортот, семејството и работата на својот имот, далеку од динамиката на главниот град.

Слични објави

Каде да прошетате викендов? Три предлози за еднодневен излет во близина на Скопје

К.С.

Дарко Лазиќ си стави ботокс, а неговата сопруга го снимаше процесот

Е.А.

„Кога те нема“, првата песна што победи на „Макфест“ – Хелена Благне и денес со љубов се сеќава на македонската публика

Т.Ц.

Петок е, време е за дружење — три брзи закуски што ќе исчезнат од масата за миг

К.С.

Исидора Бјелица пред смртта открила што ѝ е заедничко со другите пациенти со истата дијагноза

Е.А.

Дневен хороскоп за 30 октомври: Обрнете внимание на деталите што би можеле да предизвикаат недоразбирање

apostolova
Се вчитува....