3.8 C
Скопје
09:07 - 21 декември, 2024

Сара Стефкова, пионeрка на дизајни од џасмонајт во Македонија: Еко-материјал на иднината со камелеонски можности

Идната архитектка Сара Стефкова лансираше нова колекција декоративни предмети за дом направени од таканаречен „еко-бетон“, познат како џасмонајт (jesmonite). Џасмонајт е еколошко прифатлив материјал, кој е создаден со мешање гипс и акрилна смола, на водна база без хемиски растворувачи. Оваа техника моментно е актуелна меѓу архитектите во Европа. Иако е иновиран во 80-тите години во Британија, особена популарност добива пред пет години кога џасмонајтот е прогласен за материјал на годината и тоа поради неверојатните камелеонски можности – може да реплицира изглед и текстура на која било површина.

Сара е пионерка во Македонија на производи изработени од џасмонајт. Своето прво претставување кај нас ќе го направи на зимскиот базар во Скопје Сити Мол, кој ќе се случува од 21 до 25 декември.

 

 

„На овој базар најголемиот акцент ќе го насочам кон новогодишните украси какви што се украсите за елка, подлошки, држачи за свеќи, и на најпродаваните производи и во Македонија и во Србија, а тоа се пепелниците“, објаснува Сара на почетокот на разговорот и ги поканува оние што се во можност да дојдат на настанот, зашто „ние занаетчиите се трудиме секогаш да изработиме нешто уникатно и вредно, а поддршката ни е највредна алатка да продолжиме понатаму“.

Зошто се одлучи факултетското образование да го завршиш во Белград и какво е твоето искуство на архитектонскиот факултет?

– Архитектонски факултет во Белград ми беше голема желба уште на самиот почеток на студиите, ја следев нивната програма и начинот на кој тие работат, искуството е прекрасно, програмата по која работиме е на повисоко ниво од оние што се нудат на факултетите во Скопје. Тука сум веќе втора година и се ближам кон крајот на студиите, па слободно можам да упатам само пофални зборови за самиот факултетот како и за моите професори и колеги, а за начинот на кој работиме, ќе ми треба еден цел текст убаво да го објаснам.

Која е поврзаноста меѓу архитектурата и на дизајнот што го работиш?

– Поврзаноста е голема, џасмонајт (jesmonite) материјалот спаѓа во градежни материјали. Тој се дели во две групи, едни што се база на гипс и друга група што е на база на бетон. Јас работам со типот AC100 кој е на гипсана база во комбинација на акрилна течност на база на вода и рециклирани материјали. Иако кога ќе кажеме гипс мислиме на нешто лесно и кршливо, џасмонајт материјалот е комплетно спротивно на тоа, тој е доста тежок и издржлив и многу тешко се крши, а отпорен е и на вода и на топлина.

Што значи техниката џасмонајт, од каде доаѓа и колку е присутна во регионот?

– Иновиран е во 80-тите години од Британецот Питер Хокинс и претставува заштитен производ на британската држава. Џасмонајт е материјал што поради своите квалитети има широка примена, од накит и украси, до најразновидни производи за домот. Џасмонајтот овозможува неограничени потенцијали, можности за игра со формите. Боите и текстурите на материјалот го привлекоа моето внимание да се запознаам повеќе со него. Во Србија познавам неколку девојки што изработуваат украси од овој материјал, а за жал, во Македонија немам сретнато некој, па можам да се пофалам дека сум единствената што на нашиот пазар може да понуди предмети од овој материјал.

Каде го учеше занаетот?

– Самоука сум (се смее, н.з). Многу изгледани видеа на социјалните мрежи и голема заинтересираност за да ја научам техниката, ме натераа да успеам во изработката на предметите од џасмонајт. Самиот материјал за изработка не е во воопшто тежок, доволно е да си креативен и да го да го следиш правилото 1:2,5 кога се соединуваат двете материи што го сочинуваат овој производ.

 

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....