7.8 C
Скопје
21:48 - 16 март, 2026

„Само грди и глупави жени без срце носат вистинско крзно“: Карлеуша жестоко ги нападна колешките што носат бунди

Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша предизвика лавина реакции на социјалните мрежи откако остро ги искритикува колешките Александра Пријовиќ, Теа Таировиќ и Марија Микиќ, поради тоа што се појавиле во бунди од природно крзно на концертот на Емина Јаховиќ во Сава центар.

Карлеуша, која со години јавно се декларира како жесток противник на користењето природно крзно и како заштитничка на животните, не го криеше револтот откако во јавноста се појавија фотографии од познатите пејачки во луксузни бунди.

„Само грди жени носат вистинско крзно! Убавите и благородни жени носат вештачко крзно, затоа што имаат милост кон животните и ги сакаат животните. Само грди жени, и однадвор и однатре, мислат дека ако закачат мртва животна на себе и се накитат со нејзиното крзно, ќе станат убави. Всушност, ќе станат уште погрди. Милоста кон животните е одраз на благородност, здрав разум и човечност. На оваа фотографија има збир од грди и глупави жени, без мозок и без срце“, напиша Карлеуша во својата објава.

Нејзините зборови брзо се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа поделени реакции – дел од јавноста ја поддржа поради ставот против природното крзно, додека други ја обвинија за навреди и преминување на границата на јавна критика.

Да потсетиме, Емина Јаховиќ синоќа одржа голем концерт во Сава центар, кој се претвори во вистинска музичка забава. Меѓу гостите имаше бројни колеги од естрадата, како и сопруги и партнерки на познати спортисти, а најрасположени во публиката, според присутните, биле токму Александра Пријовиќ и Теа Таировиќ.

Слични објави

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.

Гоца Тржан јавно ѝ призна на хрватската пејачка: Со години те гледам гола и се „палам“ на тебе!

Еспресо

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо
Се вчитува....