10.8 C
Скопје
16:43 - 4 февруари, 2026

Родителите ми се мешаа во бракот, не ја сакаа Наташа дека е тетовирана: Таско ја отвори душата

Раперот Таско ја отвори душата и раскажа како родителите му се мешале во бракот и на почетокот не се согласиле во неговиот избор, за сопругата Наташа со која тајно се ожени во 2022 година.

Во март во 2023, тој направи свадба на која присуствува многу познати личности, а набрзо тие го добија синот Лукијан. Во септември минатата година, Таско и Наташа ја добија ќерката Кријана.

– Во прво време, ни јас ни таа не размислувавме на тој потег во животот, дека ќе бидеме некогаш заедно и дека ќе тера ова многу долго. Ама знаеш она кога нешто ти е забрането?

Фотов/ Инстаграм

Поради начинот на кој изгледа, нели е тетовирана.. Имаше некоја ситуација кога од дона ми велеа: „Таа е постара од тебе, тетовирана е, ти треба…“ Нормално е, секој родител да сака да си го заштити своето дете – рече Таско во поткастот на Стефан Лазаров, па додаде:

– Меѓутоа, јас мислам родители кога се мешаат во брак дека не треба да имаат право на глас. Прво и основно, затоа што тие не го делат креветот и животот со таа личност. Колку и таа личност да изгледа на начин на кој изгледа. Модерно е тоа, но за моите родители тоа не изгледало модерено.

Понекогаш тетоважите и сите тие работи не играат улога. И може некој да направи многу поголем проблем, што се умилкува, што се упикува, отколку некој што е тетовиран и што јасно и гласно го кажува своето мислење, какво и да е.

Мислам дека родителите како родители, сакајќи да го заштитат своето дете му прават повеќе штета кога се мешаат во бракот, и не смее да се дозволува родителите да имаат каква било улога. Мене Наташа ми дала во многу наврати доверба и тие тоа не го виделе.

Ми покажала каква личност е, каков борец е и каков менталитет има. Кај неа, светот да се руши, таа нема да се откаже – рекол раперот. 

Фото: Инстаграм/Таско

Слични објави

„Можеш ли воопшто да платиш?“: Гоца Тржан донела шокантна одлука и ја испишала ќерката од приватното училиште

Еспресо

(Фото) Осамнаа први фотографии од Здравко Чолиќ, ден по инцидентот со бомбата

Еспресо

Александра Пријовиќ ги избриша снимките од ромските веселби: Борко Радивојевиќ откри сè за „перењето“ на нејзината биографија

Еспресо

(Фото) Лејла Филиповиќ со емотивна објава му го честиташе 18. роденден на синот и откри интересен детал за неговото име

Еспресо

По фрлената бомба, семејството на Здравко Чолиќ не излегува од куќата – други им носат храна!

Еспресо

Брзо ја преболе: Бившиот на бремената Едита Арадиновиќ веќе си најде нова девојкa

Еспресо
Се вчитува....