8.8 C
Скопје
01:36 - 28 октомври, 2026

Ретка снимка од Тоше Проески и 13-годишниот Боби Андонов на концерт во Мелбурн

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во страшна сообраќајна несреќа, а само две недели претходно одржа концерт во Мелбурн. Гостин на концертот му беше пејачот Боби Андонов, кој неодамна се врати на македонската музичка сцена со новата песна „Момент“, негово прво музичко издание на македонски јазик по повеќегодишната кариера во Лос Анџелес.

Македонската публика Андонов го памети уште од неговите детски музички почетоци, песната „Прати ми СМС“ и настапот на детската Евровизија. Дел од неговата музичка биографија е и настапот со Тоше Проески на концерт во Мелбурн, кога како тринаесетгодишно момче застана на сцената со македонската музичка ѕвезда.

Боби во интервју за „Слободен печат“ изјави дека има желба да ја претставува Македонија на Евровизија.

„Таа желба отсекогаш постоеше. Без разлика каде ме водеше музиката, дали во Америка, Австралија или Европа, никогаш не сум го заборавил мојот дом. Македонија ми е во крвта. Како уметник пораснав многу и сега се чувствувам подготвен да донесам нешто силно назад во земјата што ме израсна. Евровизија ми делува како совршена можност да се поврзам со народот и да дадам нешто вредно.“, рече Боби.

 

 

Слични објави

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.

Реља првпат проговори за венчавката со Николија: Откри кој го направил првиот чекор кон бракот

Еспресо

Јована Јеремиќ ги спакува куферите и ја напушти Србија: Водителката откри каде отпатувала

Еспресо

Никола Роквиќ раскажа како молитвата на Света Петка му донела голема радост: „Не можев да изустам ниту збор“

Еспресо

(Фото) Ќеркичката на Емра Куртишова и Петар Стојанов наполни три години: „Секоја фотографија, една мала приказна за љубовта наречена Лена“

Еспресо

„Стомакот ми беше полн со крв“ Теа Таировиќ се огласи од болница по операцијата

Еспресо
Се вчитува....