5.8 C
Скопје
04:10 - 8 октомври, 2026

Тони Зен со емотивна приказна за Слаткаристика: „Можеби не сме си кажале доволно пати те сакам, брату“

Лична приказна за Слаткаристика и за нивното пријателство, раскажа раперот Тони Зен.

Во поткастот „Полиграф“ со Стефанатор, тој искрено зборуваше за долгогодишното пријателство и односот со Слаткаристика, со кого во текот на кариерата често настапуваа и соработуваа.

Разговорот почна со шега, кога Стефанатор му покажа фотографија од Слаткаристика и му рече дека низ кариерата често се појавувале како дуо.

„Не го познавам“, одговори Тони на шега.

Откако водителот потсети дека Слаткаристика неодамна изјавил дека го оставиле долго време сам да се бори на сцената, Тони го поправи дека тоа е негова изјава.

„Јас на прес-конференција реков дека долго го остававме сам да се бори. Се чувствувам, па и не се чувствувам виновен, меѓутоа малку ми е и криво, искрено. Можеби не сме си кажале повеќе пати: ‘Те сакам, брату’. Сега почесто си кажуваме“, рече Тони Зен.

На прашањето дали денес се поблиски отколку пред 15 години, тој рече:

„Па да, можеби физички не толку колку порано, бидејќи порано повеќе сме се дружеле. Но, во однос на реализирањето на целите, задачите и обврските низ животот, одењето кон некои високи цели – многу сме поблиски. Порано можеби јас сум му бил пример за одредени работи, сега мене тој ми е пример за одредени работи, што е многу убава работа во животот. Сакам секој да го искуси тоа со кој било другар“, рече Тони.

Тони Зен и Слаткаристика се едни од најголемите ѕвезди на македонската хип-хоп сцена, а нивното пријателство и музички соработки датираат од периодот кога двајцата ја градеа својата популарност.

На 11 октомври 2025 одржаа голем заеднички концерт во полната сала „Борис Трајковски“ во Скопје, со кој ја прославија долгогодишната соработка и пријателство.

Концертот беше насловен „Спушти се доле“, според нивниот познат дует од 2009 година, а траеше речиси три часа.

На сцената им се придружија „Некст тајм“, „2Бона“, Зи Бомб и други музичари од хип-хоп сцената, а специјално изненадување беше Калиопи, која на крајот ја испеа „Да полетам“ со Слаткаристика и Тони Зен.

Слични објави

Тарик Филиповиќ ѝ го честиташе 50. роденден на убавата Лејла со емотивна порака: „Никој никогаш нема да те сака како што те сакам јас“

Еспресо

Пејачот од „Мајами бенд“ откри детали од прославата на ќерките на Карлеуша и Тошиќ: „Душко беше погалантен“

apostolova

Дејан Манасков и Билјана го крстија синчето Давид — семејна прослава покрај Охридското Езеро

К.С.

(Видео) Му ја продала куќата на Новак Ѓоковиќ, па изградила вила на Космај: Елена Караман ја покажа својата луксузна оаза

Еспресо

(Видео) Ксенија Николова го прекрои костумот од нејзиниот татко: „Кога го носам ја чувствувам неговата енергија“

Еспресо

По Анабела Атијас и Гаги Ѓогани оди на операција – отворено зборуваше за својата здравствена состојба

Еспресо
Се вчитува....