Српскиот рапер Реља Поповиќ за првпат јавно проговори за венчавката со долгогодишната партнерка Николија Јовановиќ, откако во јавноста се појавија информации дека двојката ја крунисала својата љубов со брак. По настапот во австрискиот град Линц, во клубот „Најн“, музичарот откри детали за одлуката да стапат во брак, но и за тоа како гледа на љубомората во нивната врска.
Иако важат за еден од најскладните парови на регионалната естрада, Реља и Николија со години се трудат својот приватен живот да го држат подалеку од очите на јавноста. Токму затоа веста за нивната венчавка предизвика голем интерес, а раперот сега откри дел од своите размислувања за овој важен чекор.
На прашањето како дошле до одлуката да се венчаат и дали Николија можела да насети што се подготвува, Реља не сакал да открива премногу детали. Тој нагласил дека и понатаму сака да ја зачува приватноста на нивната врска.
„Нема многу да зборувам за тоа. Тоа и понатаму е приватна работа. Со луѓето споделивме онолку колку што сакавме“, порачал раперот.
Сепак, кога бил прашан кој ја започнал иницијативата за брак, одговорил кратко и јасно, со насмевка:
„Јас. Така е редот“, открил Реља.
Со оваа изјава музичарот потврдил дека токму тој го направил првиот чекор кон венчавката, но останал доследен на својата одлука да не открива повеќе подробности за нивниот приватен живот.
Бидејќи и двајцата се успешни музички изведувачи, кои често настапуваат пред многубројна публика, Реља бил прашан и дали во нивната врска има љубомора, како и како реагираат кога за време на настапите се случуваат потенцијално непријатни ситуации.
Раперот открил дека љубомората воопшто не му претставува проблем и дека има многу поважни работи за кои размислува.
„Има многу поголеми грижи од љубомората. Таа воопшто не ми е на листата со грижи. Затоа и не ја чувствувам. Воопшто го немам тоа чувство“, искрено одговорил Реља.
Неговата изјава открива дека, барем според неговите зборови, љубомората не зазема важно место во нивниот однос, и покрај јавната професија и вниманието што го добиваат од обожавателите.
Кога требало да издвои еден посебен момент од нивната љубовна приказна, Реља немал потреба долго да размислува. За него, најзначајни биле неодамнешните настани поврзани со роденденот на Николија и нивната венчавка.
„Овој последниот, за нејзиниот роденден и нашата свадба“, одговорил раперот.
Со тоа покажал дека токму овие два настани оставиле најсилен впечаток врз него и дека периодот зад нив е особено важен за нивното семејство.
Покрај приватниот живот, Реља зборувал и за музичките планови. За време на неговиот настап во Линц, песните на групата „Елитни одреди“ предизвикале големо воодушевување кај публиката, поради што повторно се наметнало прашањето дали постои можност за повторно обединување на групата.
Раперот, сепак, го повторил својот досегашен одговор и не најавил никакви планови за повторна соработка.
„Тоа е вечно прашање и секогаш истиот одговор: во моментов немам такво нешто во план“, порачал тој.
Реља открил и новост за својата музичка кариера што, како што самиот признал, дотогаш не ја споделил јавно. Средината на ноември е резервирана за нов музички проект со кој планира да ја заокружи годината.
„Во средината на ноември излегува третата трилогија за оваа година, уште три песни со кои ќе ја завршам годината. Три песни, три спота. Ова досега не сум го кажал никаде“, открил музичарот.
Тој додал дека последната песна ја завршиле само еден ден пред неговото заминување во Линц и дека се надева оти новите нумери ќе ѝ се допаднат на публиката.
Додека обожавателите со нетрпение го очекуваат новиот музички материјал, Реља со ова интервју за првпат проговори поотворено за венчавката со Николја. Сепак, и покрај големиот интерес за нивниот однос, останува верен на својот став дека приватноста треба да ја споделуваат само онолку колку што самите сакаат.
