Српската водителка Јована Јеремиќ ја напушти Србија и отпатува на егзотична дестинација во друштво на својот партнер Милош Стојановиќ, познат како Тигар. Таа на социјалните мрежи објави фотографии и видеа од местото каде што престојува, а во преден план се палми, базен и поглед кон морето.
Водителката на утринската програма на телевизијата „Пинк“ отпатувала во неделата навечер, на 25 октомври, откако претходно ја исполнила својата граѓанска должност. По завршувањето на обврските, ги спакувала куферите и се упатила кон аеродромот, заедно со својот партнер.

Јована потврди дека веќе ужива на патувањето со првата објава на социјалните мрежи. На фотографиите и видеата се гледаат тропски пејзажи, палми, базен и отворен поглед кон морето, создавајќи вистинска атмосфера за одмор.
Како музичка придружба на објавата ја избрала песната „Рај на земјата“, а на своите следбеници им испратила кратка, но романтична порака:
„Некаде помеѓу земјата и рајот“.
Иако сподели дел од атмосферата на местото каде што престојува, водителката не открила многу детали за патувањето, па засега не е познато точното име на дестинацијата.

Неодамна Јована го прослави и својот 36. роденден, по тој повод објавувајќи емотивна порака на својот профил на Инстаграм.
Во објавата му се заблагодари на Бога за сите дарови, но и за искушенијата со кои се соочила и кои, како што наведува, успеала да ги надмине.
„За мојот 36. роденден, Господи, ти благодарам за сите дарови, но и за искушенијата што заедно ги победивме до мојот 36. роденден. Ме спаси од најголемите лични страдања. Кога не се одѕивав и не се враќав, ги испраќаше своите ангели чувари по мене. Господи, ти благодарам за секој ден. Ти благодарам за непреодното богатство со кое ме даруваше, но и за крстот што секогаш морам да го носам“, напиша водителката.
Во продолжението на пораката, таа побарала духовен мир, истрајност и мудрост за да продолжи по патот што, според нејзините верувања, ѝ е предодреден.
„Господи, прочисти ми го умот за да размислувам брзо, а моите очи за да можам да почувствувам и да видам сè што доаѓа. Подари ми мир во душата и вечна истрајност на патот што ти ми го одреди. Ќе се трудам никогаш да не те изневерам. Со чисто срце и со целата душа, твојата слугинка Јована. Славата е твоја, а работата е моја. Те сакам“, напиша таа.
Нејзиното патување доаѓа по период во кој споделуваше лични размислувања и емотивни пораки со своите следбеници. Сега, судејќи според објавените кадри, водителката ужива во одморот со партнерот, далеку од секојдневните обврски.
