7.8 C
Скопје
06:02 - 2 април, 2026

Рецепт за феноменално домашно пилешко гиро

СОСТОЈКИ:
– 500 – 600 гр пилешко бело месо
– 2 лажички вински оцет
– 2лажици маслиново масло
– 2 полни лажици кисело млеко
– 1 лажичка оригано
– 4 чешниња лук
– сок од лимон
– сол и црн пипер
– тортилји
– домати
– црвен кромид
За сосот ѕаѕики:
– 450 мл кисело млеко
– ½ краставица
– 2 – 3чешниња лук,
– 1 лажичка вински оцет
– малку сок од лимон
– маслиново масло
– сол и црн пипер

ПОДГОТОВКА:
За сосот ѕаѕики, ставете го киселото млеко во газа над еден сад нека стои неколку часови (или ако е можно преку ноќ) за да се исцеди вишокот течност. Излупете ја и изрендајте ја краставицата. Ставете ја во крпа и стиснете да ја исцедите вишокот вода. Измешајте ги киселото млеко и краставицата со згмечениот лук и со другите состојки, за да се соединат. Додајте лимонов сок по вкус, попрскајте со маслиново масло и нека стои во фрижидер 30 минути пред да послужите.
Во еден сад измешајте ги згмечениот лук, сокот од лимон, оцетот, маслото, киселото млеко, ориганото, солта и црниот пипер. Со оваа смеса прелијте го пилешкото месо да се маринира околу еден час. Потоа испечете го на скара или во рерна. Оставете го малку да се излади, па исечете го на ленти. Загрејте ги тортиљите, премачкајте ги со малку масло, потоа наполнете ги со пилешко, ѕаѕики сос, сечкани домати и црвен кромид.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....