9.8 C
Скопје
10:18 - 10 март, 2026

Расплаканата сопруга на Брус Вилис им порача на папараците: „Престанете!“, состојбата на глумецот е влошена

Сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг преку својот Инстаграм профил апелираше да го остави сопругот на мира, особено кога тој ќе реши да ја напушти куќата на некое време во друштво на семејството или пријателите.
 – Кога сте личност која се грижи за лице со деменција, знаете колку тоа може да биде стресно и тешко. Особено ако ја изнесете таа личност во надворешниот свет и се осигурате дека може слободно да се движи, дури и ако тоа е само за на кафе. Ги видов сликите и видеото што беше направено кога мојот сопруг излезе на кафе со пријателите, кои се обидуваа да го заштитат од луѓето што го вознемируваат – почна Ема, а потоа го прекина видеото бидејќи за малку ќе заплачеше.

Таа апелираше и нејзиниот сопруг да биде оставен на мир кога е излезен на прошетка и да не го снимаат или да му дофрлуваат.

– До сите фотографи и луѓе кои снимаат, кои се обидуваат да добијат ексклузивни слики од мојот сопруг, држете се на дистанца. Знам дека тоа е ваша работа, но ве молам престанете да му викате на мојот сопруг, престанете да го прашувате како е и да ги изговарате неговите реплики од филмовите… Не правете го тоа, предупреди Ема.

На познатиот актер му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција и за жал неизлечивата болест напредувала, а здравствената состојба на холивудската легенда многу се влошила, а луѓето очигледно не се свесни за тоа, па неодамна Вилис имал непријатна сцена на сред улица. Актерот бил снимен од папараците и попатно му дофрлале нешто за да ги погледне или да предизвикаат каква било реакција кај него.

Пријателите се обиделе да го заштитат Вилис, но не успеале, а Брус на некои слики изгледа малку вознемирен.

 

Слични објави

Љубовта умре но нова пак ќе се роди: Емотивна приказна на Елена Велевска

msp-admin

Рушка Јакиќ и Вања Булиќ проговорија за „вонбрачното дете“: „Веднаш ја повикав неговата сопруга“

E.A.

Бресквица се огласи по тврдењето дека Лука Дончиќ се разведува поради неа: „Јас сум виновна за сè?“

Еспресо

Дарко Лазиќ конечно „избега“ од Малдиви, но доби лоши вести по 11-часовниот лет: „Ми се смачи одморот“

Еспресо

Хороскоп за 10 март: Биковите ги очекува успех во работата, Вагите ќе се впуштат во авантура

apostolova

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо
Се вчитува....