6.8 C
Скопје
05:45 - 31 март, 2026

Раперот кој трагично го загуби животот ќе добие постумно ѕвезда на Булеварот на славните

Раперот Тупак Шакур кој се прослави и како актер, активист и поет ќе добие постхумна почест со ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд следната недела во Лос Анџелес, пишуваат американските медиуми.

Тој беше убиен во пукање во автомобил во септември 1996 година.Тупак на Булеварот на славните во Холивуд ќе биде 2.758-та ѕвезда на комората.

Сестрата на раперот, Секјуа „Сет“ Шакур ќе ја прими наградата, соопштија организаторите.

Кариерата на раперот траеше само пет години, но тој има продадено над 75 милиони плочи ширум светот.

Неговиот албум „All Eyez on Me“ од 1996 година беше сертифициран за дијамант и вклучува хитови како „How Do U Want It“, „California Love (Remix)“ и „I Ain’t Mad at Cha“.

Тој беше примен во Куќата на славните на рокенролот во април 2017 година, а холограмот од него излезе на сцената на фестивалот за музика и уметност Коачела во 2012 година.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....