16:57 - 6 април, 2026

(Видео) „Пукаш во срце“: Северина зема пушка во Виена и се обиде да гаѓа во цел

Хрватската пејачка Северина се пофали дека е на семејно патување Виена, но престојот таму не го поминува само во прошетки, украсени улици и празнични деликатеси.

Во забавниот парк, пејачката земала пушка в раце и се обидела на стрелиште, а резултатот – изненадувачки добар.

Следбениците ја поддржаа во коментарите и со симпатии го дочекаа нејзиното несекојдневно издание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Пејачката претходно објави и прв сет фотографии од авантурите во Виена, покажувајќи дека сепак уживаат и во класичните адвентски содржини. Со неа патуваат долгогодишната пријателка Ведрана Васиќ, внуката Мија Поповиќ и синот Александар.

Да потсетиме, Северина со години не објавуваше фотографии од својот син поради судска забрана. На концертот во Арената откри дека тоа ѝ било особено тешко.

„Бев една од ретките мајки на светот која не смееше со гордост да објавува фотографии од своето дете. Среќа, на крај ја добив најважната дозвола – од моето дете. Дозвола посилна од секој закон и бирократ“, напиша таа. „И конечно повторно живееме среќно и убаво.“

Слични објави

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin
Се вчитува....