21:03 - 2 април, 2026

Прогласени се топ три најубави актерки на сите времиња: Ќе се изненадите од победничките на листата

Долги години Мерлин Монро важеше за најубава актерка, но со текот на времето вкусовите се променија.

Според анкетата на порталот ListChallenges, повеќето луѓе ја сметаат 59-годишната Моника Белучи за најубавата актерка на сите времиња.

Но, Мерлин Монро го зазеде второто место во ова рангирање. Триото убавици го затвори актерката Анџелина Џоли, која се стекна со светско признание по филмот „Господин и госпоѓа Смит“.

Интересно е што во анкетата учествувале многу други актерки – убавици. На пример, Брижит Бардо, Грејс Кели, Елизабет Тејлор, Натали Портман и други.

Британската актерка Хелена Бонам Картер го зазеде последното место во овој рејтинг.

По што е позната Моника Белучи?

Моника Белучи е италијанска актерка и модел. Популарност во киното и донесоа филмовите „Дракула“, „Малена“, „Матрикс: Рестартирање“ и „Матрикс: Револуција“, „Страдањата на Христос“, „Браќата Грим“, „007: Спектар“, „Млечен пат“, „Астерикс и Обеликс: Мисија „Клеопатра“.

Актерката беше во брак со актерот Винсент Касел. Најстарата од ќерките од овој брак, Дева Касел, е денес позната манекенка. Најмладата ќерка е Леони Касел.

 

Слични објави

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо
Се вчитува....