04:44 - 9 април, 2026

Принцот Вилијам со симпатична изјава во врска со неговата сопруга ги освои фановите

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се во брак цели десет години, но ретко откриваат интимни детали од нивниот брачен живот. Но овој пат, принцот Вилијам направи исклучок и со симпатична изјава во врска со неговата сопруга ги освои фановите.

Тоа се случи при овонеделната посета на Велс, кога принцот Вилијам откри еден интересен детаљ за неговата сакана сопруга Кејт велејќи: „Кејт има најстудени раце од сите. Но, како што велат: „Студени раце, топло срце“, додаде принцот Вилијам, а неговата изјава веднаш предизвика големи симпатии кај насобраните фанови.

instagram

Инаку, војводата и војвотката од Кембриџ обично се воздржуваат од откривање интимни детали и премногу лични коментари, по примерот на кралицата Елизабета и нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип, во текот на децениите на владеење. Понекогаш се случува тие сепак да откријат некои детали, а тоа веднаш го привлекува вниманието на фановите.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....