7.8 C
Скопје
20:57 - 31 март, 2026

Принцезата Беатрис им дала дозвола на Меган и Хари да снимаат во домот на кралицата

Принцезата Беатрис им дала дозвола на Меган Маркл и принцот Хари да го снимаат својот документарец за Нетфликс во домот на кралицата, поточно на теренот на замокот Виндзор, пишува Дејли Мејл.

На една од фотографиите прикажани во филмот „Хари и Меган“, војводите од Сасекс седат на високи столчиња и пијат чај во „Малата колиба“. Се верува дека фотографијата е направена од професионален фотограф.

Овој дом во склопот на замокот Виндзор беше подарок за шестиот роденден на принцезата Елизабета од жителите на Велс во 1932 година. Од 2010 година, Колибата на Нејзиното Височество ја чува нејзината внука, принцезата Беатрис. Таа, исто така, го надгледуваше реновирањето на објектот една година пред да го повика новинарот Ендрју Мар за снимање на филмот на Би-Би-Си „Дијамантската кралица“ во 2012 година.

Принцезата Беатрис е една од ретките членови на кралското семејство што сè уште е во контакт со војводите од Сасекс.

Слични објави

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо
Се вчитува....