5.8 C
Скопје
23:59 - 16 март, 2026

ПРИНЦ ВИЛИЈАМ во одбрана на споменот на Дијана: Не сакам да ја видам мајка ми прикажана покрај тоа гнасно чудовиште!

Британскиот телевизиски канал Би-би-си повторно го разгневил принцот Вилијам кој не сака да ја прифати идејата да се оцрни сеќавањето на неговата мајка Дијана. Британската телевизија годинава ќе го емитува филмот наречен The Reckoning, кој го прикажува животот и злосторствата на озлогласениот сериски педофил и некрофил Џими Савил. А во филмот ќе се појави и Лејди Дијана (ја игра Кејт Тикл), која го познавала и се среќавала со него неколку пати.

Савил, првиот британски диџеј и многу познат ТВ водител, во седумдесеттите години во Англија беше еден вид национален херој, пред сè познат по своите добротворни иницијативи. Токму оваа (очигледна) потреба да им помогне на најранливите, покрај љубовта кон уметноста, му овозможила да ја запознае и да се дружи со „народната принцеза“. Ужасите што ги направил (околу стотина негови жртви) биле откриени дури по неговата смрт, која се случила на 78-годишна возраст во 2011 година.

Принцот Вилијам изјави дека никогаш не би сакал да ја види својата мајка прикажана покрај тоа гнасно чудовиште, објаснува извор за „Дејли Мејл“.

Портпаролот на Би-би-си се обидел да ја „спушти топката“ објаснувајки дека во филмот Дијана и нејзиниот сопруг Чарлс „немаат улоги што зборуваат“: „Тие се гледаат само, накратко, во сцена која потсетува на нивното присуство на официјалното отворање на новата единица за повреди на ‘рбетот во болницата Стоук Мандевил“. Во тоа време, „ужасите што ги направил Савил сè уште не излегле на виделина“.

Сепак, ни ова објаснување не го ублажило гневот на Вилијам кој смета дека сепак и на тој начин ќе се оцрни сеќавањето на неговата мајка, принцезата Дијана, за која не сака да има никаква поврзаност со „гнасното чудовиште“, известува италијанскиот венитифер.

 

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....