7.8 C
Скопје
04:53 - 2 април, 2026

Преубавата Камерон Дијаз го снима својот последен филм – на 50 години сака да го напушти Холивуд

Дејли мејл пишува дека актерката Камерон Дијаз најверојатно нема повеќе да снима филмови.

Таблоидот се повикува на извори блиски на актерката кои наводно изјавиле дека комедијата „Back In Action“ која моментално убавата Камерон ја снима со Џејми Фокс ќе биде нејзиниот последен филм бидејќи повеќе не може да го издржи тоа темпо.

50-годишната Камерон во 2018 година се повлече од Холивуд, но нејзиниот близок пријател Фокс успеа да ја убеди да се врати и да глуми покрај него во акционата комедија „Враќање во акција“. Сепак, Камерон брзо зажали за својата одлука, пишуваат Британците.

Наводно, актерката имала „тотален колапс“ на снимањето, што резултирало со отказ на три лица.

– Камерон веројатно нема да се врати во светот на филмот по завршувањето на овој проект бидејќи и е многу тешко да биде далеку од семејството и ја мрази драмата и конфликтите кои толку често избувнуваат на филмските сетови. Таа не поднесува драма и конфликт. Затоа се пензионираше, верува дека веќе се докажала во индустријата и дека нема на кој друг да се докажува – изјавиле блиски извори за Дејли Мејл.

Филмот моментално се снима во Велика Британија.

Инаку ѕвездата на филмовите „Чарлиеви ангели“ во 2019 година, стана мајка во бракот со музичарот Бенџи Маден.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....