Доколку сакате да поминете една мирна саботна вечер, наша препорака е да се опуштите со култниот филм „Појадок кај Тифани“, без оглед колку пати досега сте го гледале.
Се потрудивме да откриеме некои поголеми тајни за прекрасната Одри Хепберн и за овој култен филм.

Дали знаете дека Труман Капоти сакал Холи Голајтли да ја игра Мерилин Монро?
Мерилин Монро била првиот избор на Труман Капоти, но веројатно не знаете дека таа ја одбила улогата по совет на својата учителка по глума и советничка Пола Страсберг, која рекла дека Мерилин не би требало да ја игра улогата на „пријателка на ноќта“.

Малиот црн фустан дизајниран специјално за Одри
Хуберт де Живанши го дизајнирал најпознатиот мал црн фустан во светот во 1961 година, кога Одри го толкувала ликот на Холи. По смртта на актерката во 1993 година, Живанши го донирал фустанот на организацијата City of Joy Aid, а потоа на аукција во Christie’s фустанот достигнал цена од 900.000 американски долари.
Многумина мислеле дека очилата за сонце кои Одри ги носела во филмот се потпишани од Ray-Ban, но не, очилата ги дизајнирал Оливие Голдсмит. Во 2011 година повторно биле дизајнирани за прославата на 50-годишнината од филмот и може да се купат по цена од 440 американски долари.
По првото гледање на филмот, еден од директорите на Paramount, Мартин Пекин, сакал песната што ја компонирал Хенри Манчини, а ја напишал Џони Мерсер, да биде тргната од плакатот на филмот.
Тогаш Одри само рекла: „Преку моето мртво тело ќе ја тргнете од плакатот“. Песната Moon River ја освои и наградата Оскар за најдобра оригинална песна таа година.
Фото/Инстаграм
