20:33 - 2 април, 2026

Познато е кој повеќе ќе профитира од разводот, Карлеуша или Тошиќ: Таа го доби најлуксузното нешто од 2 ипол милиони евра

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Карлеуша и Тошиќ целиот имот стекнат во брак одлучија да им го префрлат на ќерките Атина и Ника, освен еден имот што ќе ѝ припадне на Јелена.

Вчера како бомба одекна веста дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се развеле по 16 години брак со заедничка согласност.

Тие решиле целиот имот да им го префрлат на ќерките Атина и Ника, освен еден имот што ќе и припадне на Јелена.

Станува збор за вила во Сењак која ја купиле во 2018 година од Драган Стојковиќ Пикси, како што пишуваа тогаш српските медиуми, за два и пол милиони евра.

„Таа вила со базен ѝ останува на Јелена, која, патем речено, во најголема мера ѝ ја отплати. Нема ништо спорно“, вели извор за српските медиуми.

Покрај тоа, тие поседуваат и дуплек на Дедиње каде со години заедно живееја, како и уште еден недвижен имот на територијата на општина Савски Венац. Тој имот ќе припадне на децата.

Душко, според договорот, на Атина и Ника се додека не наполнат 21 година ќе им ги плаќа училишните трошоци, како и летувањата и зимувањата.

Кога се ќе се земе предвид, изгледа дека Јелена повеќе профитираше од разводот.

Јелена Карлеуша итно реагираше на коментар за Душко: „Такви како него не велат ни збогум“

Слични објави

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо
Се вчитува....