11:39 - 5 декември, 2025

Познато е кои ѕвезди се дружеле на раскалашните забави со Диди Комбс: Ќе се изненадите од уплашените од судска постапка

Ѕвездите кои присуствуваа на забавите на раперот Пи Диди (вистинско име – Шон Комбс), кој беше уапсен минатата недела под обвинение за трговија со луѓе и вмешаност во проституција, се загрижени дека ќе бидат вклучени во судска постапка.

По апсењето на Шон Комбс, во медиумите протекоа фотографии од неговите забави, на кои присуствуваа многу ѕвезди, на пример, Парис Хилтон, Ештон Качер, Леонардо ди Каприо, Кели Озборн, Џеј Зи и Бијонсе, Мараја Кери и нејзиниот сопруг Ник Кенон, Томи Ли и Памела Андерсон, Ким Кардашијан и многу, многу други.

Според гласините, Џенифер Лопез е многу загрижена поради овој факт односно што одела на забави кај Диди, а која и онака минува низ тежок период поради разводот со Бен Афлек.

Сепак, не сите гости на раперот биле вклучени во каква било нелегална активност: „забавите имаа различни „нивоа“ на пристап, изјави инсајдерот од музичката индустрија Том Свуп на својот канал на Јутјуб. Имаше „општ прием“, потоа серија „нивоа“, завршувајќи со влезот во таканаречената „вистинска“ забава, каде што беше вклучено и сексуално ропство на жени и мажи во замена за пари или музички договори. „Можам да натерам секого на се, бидејќи овој живот е она што тие го сакаат, а јас ги имам клучевите од бравата“, ја цитира инсајдерот изјавата на раперот.

Вниманието на печатот го привлече и фотографијата на Леонардо ди Каприо, направена на една од „Белите забави“ во 1998 година и објавена од британскиот таблоид Дејли Мејл. Извор близок до 49-годишниот актер изјави дека Ди Каприо нема никаква врска со Пи Диди веќе „многу години“. Според изворот, Ди Каприо долго време не бил во контакт со Шон Комбс и никогаш не присуствувал на забави кои биле наречени „фрик шоуа“. Истрагата ги нарекува „внимателно обмислени и инсценирани сексуални претстави“ во кои жените биле принудувани да учествуваат.

Изворот тврди дека “Леонардо ди Каприо нема апсолутно никаква врска со тоа. Тој присуствуваше на неколку негови забави во раните 2000-ти, но буквално сите го правеа тоа. Тоа не беа случајни забави. Тоа беа големи домашни забави. Во тоа време, Лео беше на самиот почеток на кариерата, а сега тој веќе е далеку од забавите, нема врска со тој свет. Сепак многумина претпоставуваат дека ќе биде вовлечен во оваа листа на специјални гости на Диди, врз основа на неколку  фотографии од пред 20 години.

Ди Каприо и Шон Комбс беа фотографирани заедно во 2004 година на Демократската национална конвенција, а во 2019 година актерот присуствуваше на забава во чест на 50-тиот роденден на раперот. Комбс еднаш го прогласи Ди Каприо за „личност број еден“ на неговата листа на гости за „белите забави“.

54-годишниот Комбс беше уапсен минатата недела и обвинет за рекетирање и трговија со луѓе со цел да се занимава со проституција. Се тврди дека при претресот кај него биле пронајдени илјада шишиња лубриканти. Обвинителите тврдат дека жените кои учествувале во „фрик шоута“ биле толку исцрпени од маратонските сексуални сесии што им биле потребни интравенски терапии и апчиња по нив.

Сега Шон Комбс е во затвор: судијата го одби неговото барање за ослободување со кауција од 50 милиони долари.

Слични објави

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо
Се вчитува....