12:46 - 12 април, 2026

Познатиот босански актер се огласи од болница: „Ова не е ‘Наша мала клиника’, грижете се за своето здравје“

Актерот Енис Бешлагиќ им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи со видео снимено од болница, каде што извршил превентивни здравствени прегледи. Преку личен и искрен настап, тој испрати важна порака за грижата за сопственото здравје.

Бешлагиќ објасни дека се одлучил за превентивна колоноскопија и гастроскопија, со цел навреме да го провери своето здравје. Како што истакна, резултатите се добри, а прегледите ги направил од чисто превентивни причини, особено затоа што е над 50 години.

„Сè е во ред. Не е ‘Наша мала клиника’, туку специјална болница каде што направив колоноскопија и гастроскопија. Превентивно. Кога си над 50 години, ова е препорака за сите“, порача актерот.

Тој додаде дека интервенцијата ја извршил под анестезија, што значително ја олеснува целата постапка, а при прегледот биле забележани и мали проблеми кои веднаш биле отстранети.

„Ова е повик до сите да направат еден ‘сервис’ на себе. Се грижиме за автомобили, за куќи, за греење, за сè друго, а најмалку за себе“, искрено порача Бешлагиќ.

По објавата, под видеото се појавија бројни пораки за поддршка.

Слични објави

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.
Се вчитува....