0.8 C
Скопје
13:05 - 18 јануари, 2025

ПОСТОИ СОМНЕЖ? Знаци дека ве користи за да ја заборави бившата

Вие сте во врска која започна неодамна и навистина ви се допаѓа тој тип. Иако работите сè уште не се многу сериозни меѓу вас, се надевате дека со текот на времето ќе успеете да изградите нешто реално со него. Сепак, ви се чини дека нешто не е во ред. Имате чувство дека тој ја нема преболено бившата.

За да дознаете дали навистина е така, обрнете внимание на овие знаци:

Тој раскина со неа и веднаш се спои со тебе

На секој му треба време по раскинувањето, без разлика на чија иницијатива било, за да си ги среди мислите и чувствата. Ако не одвоил време да го направи тоа, туку буквално преку ноќ скокнал од една во друга врска, големи се шансите да ве користи за да ја заборави својата поранешна љубов. Никој не престанува да сака некого кога ќе раскине, иако тоа би било навистина пожелно, па размислете кога започнала вашата врска.

Премногу зборува за неа, дури ја спомнува и во кревет

Таа е дел од неговото минато, а вие не можете да го промените тоа, но дали таа навистина треба да биде дел од вашата заедничка сегашност? Дали има навика постојано да ја спомнува, дури и кога е интимен со вас? Иако многу работи и ситуацијата веројатно го потсетуваат на неа, доколку навистина сака да ја заборави и има нешто сериозно со вас, би се обидел да ја избегне во разговор.

ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ: Што најмногу се пребарувало на порно сајтови во 2021 година

Ги објавува вашите заеднички слики на сите негови профили

Ова на почетокот изгледа како добра работа, но дали е? Ако штотуку сте започнале врска со него, а тој речиси секој ден ги објавува вашите заеднички фотографии, големи се шансите да се обидува да докаже нешто на себе и на другите. Можеби се обидува да ја направи љубоморна, и да ја натера, гледајќи те покрај него, да зажали што раскинале.

Тој сè уште се слуша со неа и прва ја известува за сите новости

Иако навистина нема причина двајца луѓе кои некогаш биле во романтична врска сега да не се дружат, за такво нешто обично треба многу време додека не се смират чувствата. Дури кога и двајцата ќе сфатат дека веќе немаат романтични чувства еден кон друг, постои шанса да бидат пријатели. Но, ако вашиот дечко тврди дека е пријател со бившата, каде што секој ден се слуша од неа и прво и кажува што му се случува во животот, големи се шансите да сте таму само за да го замените нејзиното физичко присуство, пишува „YourTango“.

ТОЛКУВАЊЕ: Зошто го сонувате бившиот?

Слични објави

(Видео) За 12 дена одмор „искешира“ 20.000 евра! Милица Павловиќ сама замина на егзотична дестинација

Еспресо

Сандра инсистира: Поранешната сопруга на Милан Калиниќ го поканила на ручек, а дали тој прифатил?

Еспресо

(Фото) Совршено утро во кревет на Тајланд, снаата на Брена откри дека Виктор ја третира како кралица: „Љубовта на мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 18 јануари: Јарците не знаат кај им е главата, Рибите ќе ја променат работата, а вие?

apostolova

(Фото) Сите на куп: Драгана Мирковиќ со децата и снаата ужива во луксузот на Дубаи

Еспресо

(Видео) Секогаш насмеана и згодна: Лила Филиповска се присети како изгледала низ времето

Еспресо
Се вчитува....