7.8 C
Скопје
23:24 - 30 март, 2026

Неостварената желба на водителката Бојана Јанковиќ: „За неа тоа не беше никакво докажување, туку стил на живот…“

Целиот регион го шокираше веста за смртта на младата српска водителка Бојана Јанковиќ, која во петокот беше пронајдена мртва во својот стан во Белград.

Причината за смртта сè уште не е позната, телото е дадено на обдукција во Институтот за судска медицина.

Во меѓувреме, медиумите пишуваат за ликот и делото на убавата водителка.

Нејзината последна желба била да истрча уште еден белградски маратон, со оглед на тоа што го сакала спортот и веќе еднаш трчала во 2021 година, со што се пофалила и на социјалните мрежи.

– Бојана многу го сакаше спортот, сите знаеја што значи тоа за неа и колку ѝ е издувен вентил. На 34. Белградски маратон учествуваше со сестра си, а по завршувањето на маратонот сите ѝ честитаа за учеството. Таа неодамна разговарала со пријателка дека би сакала да истрча уште еден маратон, односно дека би учествувала повеќепати. Не се задоволила со еден маратон. За неа тоа не било никакво докажување, туку стил на живот и нешто што многу ја исполнувало – открил упатен извор близок на Јанковиќ за српска „Република“.

Инаку, за тажната вест се огласи и актерката Теодора Бјелица која рече дека ги слушала гласовните пораки на покојната Бојана, а на социјалните мрежи со потресни зборови се прости од неа.

– Ги слушам гласовните пораки и твојот прекрасен убав глас и не ми се верува… ти беше светлина што го осветли животот на сите што ги допре – напишала актерката и додала:

– Ти благодарам за секој совет, за секој убав збор… патувај со ангелите и нека ти е лесна земјата.

Со потресна порака се прости и сестрата близначка Ивана.

– Секогаш и засекогаш, Ика Бока. Ќе живееш и понатаму срце мое во мене, врежана во моето срце, во моето сеќавање, во секој здив што го земам, тука си. И знам дека го знаеш тоа, Боко. Ќе го споделам секој сончев зрак со тебе, секоја насмевка ќе ја почувствуваш и ти, и сè што го прави овој живот вреден. Засекогаш ќе живееш во мојата душа… Ние двете тоа го знаеме – напишала Ивана.

Неделен хороскоп, од 22 до 28 април: Среќно небо за Овните, добра вест за Лавовите, љубовни искри за Водолиите…

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....