16:53 - 7 април, 2026

Последната желба на Слаѓана Милошевиќ: Зошто не беше погребана во Алејата на заслужни

Вчера во Лешче беше погребана ѕвездата на српската и воопшто регионалната рокенрол сцена Слаѓана Милошевиќ.

Слаѓана беше наречена принцеза на балканската рокенрол сцена, а остави неизбришлива трага зад себе.

Погребот се чекаше две недели, а медиумите зборуваа за вистинската причина за погребот.

Блиската пријателка на Слаѓана, поранешна балерина и писателка, Јелена Тинска за медиумите изјави дека им пишала на властите Слаѓана Милошевиќ да биде погребана во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта.

– Му пишав на Александар Шапиќ, но се уште не добив одговор. Верувам дека тој е човекот кој можеше да се избори за Слаѓана Милошевиќ, првата дама на рокенролот и нашата голема ѕвезда, да биде погребана во Алејата на заслужните граѓани. Објективно гледано, ако со сета почит таму почиваат и Шабан Шаулиќ и Џеј Рамадановски, јас сум на мислење дека и за неа има место во Алејата – изјави тогаш Јелена Тинска за српски Информер.

Но, подоцна се дозна дека Слаѓана самата не сакала да биде погребана во Алејата на заслужните граѓани, туку почивалиштето сакала да ѝ биде гробот каде што бил погребан и нејзиниот татко, за кого била многу приврзана.

Тоа била нејзината последна желба, која ѝ била исполнета.

Слични објави

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо
Се вчитува....