7.8 C
Скопје
00:48 - 31 март, 2026

Поштенска марка со ликот на Рита Ора – косовската пошта ѝ го честита роденденот на славната пејачка ФОТО

Косовската поп-пејачка со светска слава, Рита Ора ќе биде на поштенска марка што ќе ја објават Поштите на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Марката со ликот на Рита Ора, која живее и твори во Велика Британија, косовската пошта ќе ја пушти во оптек утре, 26 ноември, на нејзиниот 32-ри роденден.

– Во изминатите повеќе од една деценија на највисоките врвови на светската музичка и уметничка сцена, таа ја користеше секоја прилика преку нејзината слава да ја промовира својата родна земја, Косово, како и сиот албански народ. Таа беше инспирација за многу млади да ја следат и да ги претворат во реалност нивните сништа и отаде границите на албанските територии, објави директорката на Поштите на Косово, Факете Кадриу.

Рита Ора е родена во Приштина како Рита Сахатчиу, а нејзиното семејство се иселило во Лондон во 1991 година, кога таа имала една година. Нејзиниот голем подем на светската музичка сцена започна во 2012 година, кога со синглот „Жешко во моментов“ (“Hot Right Now”) се искачи на првото место на британската и на многу други топ-листи.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....