24.8 C
Скопје
17:17 - 4 октомври, 2026

Поранешниот партнер на Јована Јеремиќ, Драган Станковиќ се сврши: Ја запроси девојката пред гостите на 50-тиот роденден

Бизнисменот Драган Станковиќ, познат и како поранешен партнер на водителката Јована Јеремиќ, ја запросил својата девојка Александра за време на прославата на неговиот 50-ти роденден.

Големата прослава се одржала во неговата вила во Гроцка, каде што пред присутните гости тој во еден момент извадил прстен и ја запросил избраничката.

Александра рекла „да“, а гостите ја поздравиле нивната свршувачка со аплауз. По овој емотивен момент, забавата продолжила во атмосфера за паметење.

Драган и Александра веќе извесно време се во врска, а со овој чекор решиле нивната љубов да ја подигнат на ново ниво.

На прославата гостите ги пречекала посебна порака поставена на масите:

„Животот не се мери со години, туку со луѓето кои го прават вреден. Ви благодарам што сте вечерва со мене.“

За музичкиот дел од прославата била задолжена пејачката Индира Радиќ.

Пред роденденската забава, Драган Станковиќ зборувал за можноста за брак и за својата врска.

„Не, не, нема да се женам јас! Што вели избраничката? Па, можеби јас и немам многу што да се прашувам! Да уживате сите денес“, рекол тој додека позирал со својата девојка.

За весникот „Блиц“ (Blic) дополнително изјавил:

„Се потрудивме околу сѐ. Ова се првите 50 години од мојот живот, ова се луѓето кои го одбележаа мојот живот. Да имаме здравје и љубов, тоа се желбите.“

И Јована Јеремиќ неодамна најави свадба

Веста за свршувачката на Драган Станковиќ доаѓа во период кога и неговата поранешна партнерка Јована Јеремиќ привлече внимание со најавите за сопствена свадба.

Таа неодамна откри дека ќе се венча со партнерот Милош Стојановиќ, познат како Тигар. Според нејзините најави, венчавката ќе се одржи во манастирот Острог, а прославите ќе бидат организирани на Свети Стефан и во Белград. Сепак, водителката сѐ уште не го открила точниот датум.

Слични објави

Неделен хороскоп од 5 до 11 октомври: Скорпиите ги очекуваат разговори за иднината, Раковите ги мачат морални дилеми

Т.Ц.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ првпат ја покажа дневната соба — вака изгледа вистинската елеганција без нималку кич

Еспресо

„Кој губи има право да се лути“: Карлеуша „згрме“ од Милано, а сега и Зоран со еден потег предизвика лавина од реакции

Еспресо

Радица Таскова стана српски автор: „Лузни што зборуваат“ го продолжува својот книжевен пат во Белград

Еспресо

Да се потсетиме на „Кажи нешто, драга“ – песната која ја овековечи Драган Мијалковски и стана еден од најубавите македонски евергрини

Т.Ц.

(Видео) Поранешниот на Џејла Рамовиќ во прегратка со Милица Павловиќ во Љубљана! Не се одвојувале еден од друг

Еспресо
Се вчитува....