22 C
Скопје
21:00 - 17 јуни, 2026

Поранешна мис од Мексико е пронајдена мртва – била убиена од свекрва ѝ?

Каролина Флорес Гомез (27), поранешна носителка на титула за убавина, била пронајдена безживотна во својот стан во Мексико Сити, откако била застрелана во главата. Случајот, кој се случил минатата недела, веќе се води како убиство, а мексиканските власти како клучен фокус во истрагата ја посочуваат нејзината свекрва, Ерика Марија.

Според локалните медиуми, трагедијата се случила на 15 април. Во моментот на пукањето, Каролина била во домот со сопругот Алехандро Гомез и неговата мајка. Дополнителна тежина на случајот му дава фактот што инцидентот не бил веднаш пријавен, туку дури следниот ден – нешто што отвора сериозни прашања кај истражителите.

Гомез во 2017 година ја освоила титулата „Miss Teen Universe“ во Долна Калифорнија, а само неколку дена пред трагедијата го прославила својот 27-ми роденден.

Гувернерката на Долна Калифорнија, Марина дел Пилар Авила, порача дека случајот ќе има приоритетен третман.

„Ниту едно злосторство против жена не смее да остане неказнето. Изразуваме сочувство до нејзините најблиски“, изјави таа.

Смртта на младата жена предизвика силни реакции во јавноста во Мексико. Граѓански организации бараат делото да биде квалификувано како фемицид, односно убиство мотивирано од родова омраза.

Во меѓувреме, семејството и пријателите на Каролина најавија мирен протест за 25 април, со апел за правда.

„Каролина не е само бројка – таа имаше живот, соништа и луѓе кои ја сакаа. Ќе зборуваме во нејзино име сè додека правдата не биде задоволена“, наведуваат тие во соопштението.

Слични објави

Уништена родната куќа на Верица Ракочевиќ на Косово и Метохија – креаторката потресена: „Пустош и голи ѕидови“

Еспресо

Вељко Ражнатовиќ за животот во Москва: „Спиев во предворјето на Српската православна црква“

Еспресо

Тони Бјелиќ не престанува со провокации кон Драгана Мирковиќ – по објавата од Виена порача: „Животот не е една жена“

Еспресо

(Фото) Најоригинални даски за сецкање и сервирање – погледнете ја уникатната понуда на Wood Room

Еспресо

Познато е како Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ го поделиле имотот – кој го доби замокот, а кој милионскиот бизнис?

Еспресо

Тој е најбогатиот пејач во регионот, „тежи“ 100 милиони долари!

Еспресо
Се вчитува....