13.8 C
Скопје
16:17 - 28 октомври, 2026

(Видео) Мина Костиќ не личи на себе! Пејачката направи драстична промена во изгледот, никој не очекуваше таков чекор

Пејачката Мина Костиќ, која со години важеше за една од најатрактивните фигури на естрадата, направи голема промена во својот изглед.

Препознатлива по долгата коса и впечатливата фигура, Костиќ реши да стави крај на својот досегашен имиџ и да се појави со кратка фризура, што предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Промената ја сподели на Инстаграм, каде што објави видео во кое се гледа целиот процес на шминкање, реализиран од шминкерот Стефан Суботиќ. Во видеото може да се види и нејзиниот природен изглед, но и финалниот резултат со новата фризура.

Новата трансформација не помина незабележано – дел од следбениците ја пофалија храброста и освежениот изглед, додека други сметаат дека кратката коса не ѝ прилега и дека визуелно ја прави постара.

Интересно е што ваков тип на фризура во минатото беше препознатлив знак и за Светлана Цеца Ражнатовиќ, што дополнително ја поттикна споредбата меѓу двете пејачки.

Слични објави

(Фото) „Моето омилено место“: Мина покажа како Огњен Амиџиќ ужива со децата

Еспресо

(Фото) „Турскиот Бред Пит“ го прослави 43. роденден: Сопругата му упати љубовна честитка

Еспресо

Постојано ви е студено, дури и кога на другите им е топло? Ова се можните причини

К.С.

„Знам дека е оженет, но што сега“: Наташа Беквалац изненади со изјавата за својот колега

Еспресо

Личната готвачка на Новак Ѓоковиќ ги откри тајните на неговата исхрана

Е.А.

Аца Амадеус шокираше со признанието за тетоважите на лицето: „Секоја ми помогна да не убијам некого, а оваа ја направив од стрес“

Е.А.
Се вчитува....