25.8 C
Скопје
14:23 - 8 октомври, 2026

(Видео) Го загуби сопругот на 21 година, две години откако се земаа: Потресна исповед на пејачката Јулија

Пејачката Јулија го загубила својот сопруг само две години откако се земале, таа тогаш имала 21 година, а ќерката две.

Во емотивна исповед за „Гламур“, Јулија се присети на почетоците на својата кариера и на најтешкиот период од својот живот, кој за малку ќе ја оддалечеше од музичката сцена засекогаш.
Јулија се омажила многу млада, на само 19 години, веднаш по завршувањето на средното училиште. Сепак, семејната среќа била краткотрајна. Само две години ои стапувањето во брак, нејзиниот сопруг починал, оставајќи ја сама со нивната двегодишна ќерка Андријана.

„Бев многу убиена, престрашена, не знаев што се случува,“ искрено раскажува Јулија. Таа признава дека во тие моменти на голема болка и неизвесност, музиката била последното нешто на што мислела.

„Првпат снимив за Македонската радио-телевизија, но јас се откажав од пеењето. Значи јас не мислев да станам пејачка, заради тоа што јас рано се омажив, само по завршувањето на средното училиште, таму на 19 години.

Мојот сопруг почина. За две години откако ние се земавме, тој почина.

И после тоа јас немав намера да пеам, затоа што бев првин многу убиена, многу престрашена, не знаев што се случи, бев со мало дете Андријана имаше две годинки. И едноставно немав идеја за пеење. Значи реков: ‘Јас веќе нема шанси да пеам’, и покрај тоа што пред тоа, и во гимназијата, навистина многу пеев и ја сакав песната“, рече Јулија.

Сликарката Андријана Мациев (42), ќерката на пејачката Јулија, си замина премногу млада во мај во 2022 година, по тешката борба со канцерот.

Нејзината ќерка Стефанија Начевска, ги покажа своте актерски таленти во повеќе претстави.

Слични објави

Бојана Тевчева повторно застана пред ТВ-камерите

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ објави селфи со Ејсап Роки: Ријана, јас го сфатив пред тебе

Еспресо

(Видео) Синот на Бени Шаќири има само 12 години, а веќе самоуверено владее со гитарата на сцената

Еспресо

Им забранувала и ги условувала соработниците? Откриено сè за тајната листа на Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Сестрата на Јелена Спенџарска покажа како го поминала летото со четирите деца: „Бевме презафатени живеејќи го“

К.С.

Есенски десерт за вистинско уживање — кремаст мус од костени и чоколадо готов за само 10 минути

Еспресо
Се вчитува....