7.8 C
Скопје
22:46 - 30 март, 2026

Погледнете ја изложбата во „Мала станица“ – „Отпорност – приказни за жени кои инспирираат промени”.

Во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ е поставена изложбата „Отпорност – Приказни за жени кои инспирираат промени”.

По повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, фондацијата World Press Photo и Кралството Холандија претставуваат избор на приказни, наградени на конкурсите на World Press Photo од 2000 до 2021 година, кои ја истакнуваат отпорноста и предизвиците на жените, девојките и заедниците низ светот.

Изложбата е организирана од Македонскиот центар за фотографија во партнерство со Националната галерија, а финансиски поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија.

Македонскиот центар за фотографија организира и фотоработилница за документарна фотографија на тема „Човекови права” на која учествуваат 11 студенти по фотографија.

Изложбата ќе ја отворат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп.

Во рамки на изложбата, кураторката од фондацијата World Press Photo, Марика Цукровски, утре ќе одржи предавање во Кинотеката на Северна Македонија.

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....