6.8 C
Скопје
06:23 - 31 март, 2026

Почина Љубиша Марковиќ Френки, клавијатуристот на „Слатки грех“

Почина клавијатуристот на „Слатки грех“ Љубиша Марковиќ Френки, соопштено е на Инстаграм и Фејсбук профилите на групата.

– Нека ти е лесна земјата и почивај во мир, драг наш Френки. Твој „Слатки грех“ – се вели во објавата.

Бендот „Слатки грех“ е создаден од составот „Лира Шоу“ во 1977 година, а со доаѓањето на Лепа Брена, која стана нивна пејачка во 1982 година, го сменија името во „Слатки грех“. Од оригиналната постава останаа Живојин Матиќ Жиле (гитарист) и Зоран Зоки Раданов (кларинет и придружен вокал).

Тие стекнаа голема популарност низ целиот регион со хитовите „Хајде да се волимо“, „Југословенка“; ​​„Миле воли диско“, „Миќо, Миќо“, „Шеик“, „Удри Мујо“ и други.

Иако Лепа Брена и „Слатки грех“ не настапувале заедно од средината на деведесеттите години, групата продолжила да постои и да свири на разни прослави. По распадот на оригиналната постава, Саша Поповиќ, кој почина на 1 март во Париз , се посветил на дискографијата, прво во продукцијата на „ЗАМ“, а потоа со Брена во 1998 година ја основал „Гранд продукција“.

Заминувањето на Френки остава голема празнина во редовите на „Слатки Грех“ и меѓу сите љубители на златното доба на народната музика.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....