14:13 - 9 јануари, 2026

Почина легендарниот Чиро Блажевиќ, неколку дена пред смртта рече „очекувам секој миг да умрам“: Ракот му беше проширен на коските и на црниот дроб

Почина легендарниот Мирослав Чиро Блажевиќ. Тренерот на сите тренери почина на 88 годишна возраст.

Тој долги години се бореше со ракот. Болеста првпат му беше дијагностицирана во 2011 година. Легендарниот Чиро двапати ја победи болеста, но третиот пат не успеа.

Тој почина ден пред неговиот 89-ти роденден.

Чиро Блажевиќ играше за загрепски Динамо и Локомотива, Сараево, Риека, Сион и Мутијер.

Тренерската кариера ја започна во Вевеј, ги водеше и Сион, Швајцарија, Лозана-спорт, Риека, Динамо Загреб, Грашопер, Приштина, Нант, ПАОК, загребсата Кроатија.

Во 1998 година ја предводеше Хрватска до големиот бронзен медал на Светското првенство во Франција.

Подоцна ги водеше Иран, Осиек, Мура, Вартекс, Хајдук, а од 2008 до 2009 година беше селектор на Босна и Херцеговина. Подоцна беше тренер и на Шангај Шенхуа, на 23. репрезентацијата на Кина, Мес Керман, повторно Загреб, Слобода Тузла и Задар.

Последните неколку месеци, јавноста а особено љубителите на спортот и фановите на Чиро, ја следеа здравствената состојба на тренерот на сите тренери, особено што минатата недела беше фотографиран како се шета низ Загреб по излегувањето од болница додека неговиот син Мирослав го држеше за рака. И не изгледаше добро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Večernji list (@vecernji.list)

Легендата чекореше по саканите улици со уморно лице и без насмевка. Хрватските новинари му се јавија да го прашаат како е.

„Многу сум болен, тешко ми е – одговорил низ солзи – оваа проклета болест целиот ме окупираше. Се мачам, патам. Имам голми болки…“

На прашањето што велат докторите, тој одговари.

„Ситуацијата е тешка, ете да бидам искрен. Многу, многу тешка..Ракот се проширил на сите коски, и на најстрашното и најопасното место – црниот дроб. И уништува се, полека и сигурно“, одговарал со уморен глас, додавајќи дека веројатно нема да се видат зашто „секој миг треба да умрам“.

Збогум, легендо!

 

Слични објави

Наташа Беквалац за бившите: Еве каков однос имала нејзината ќерка со Љубомир и Лука

Еспресо

(Видео) Инспектор Томе од „Преспав“ во досега невидено издание, ваков не го знаеме

msp-admin

Нови детали за трагичната смрт: Фризерот што го прослави Карлеуша се разболел во Занзибар и починал по враќањето во Белград

Еспресо

(Видео) Му пеела пред да почине: Калиопи откри интимна приказна

msp-admin

(Фото) Полугола и мокра, Маја Шупут во сензуална прегратка на Шиме

Еспресо

(Видео) За неа тоа беше шокантно: Каролина раскажа што ѝ се случи во Јапонија

msp-admin
Се вчитува....