7.8 C
Скопје
06:36 - 2 април, 2026

Почина легендарната актерка Ирена Папас

Легендарната грчка актерка Ирена Папас, позната по култните филмови „З“, „Гркот Зорба“ и „Топовите од Наварон“, почина на 96-годишна возраст.

Смртта ја потврдил портпаролот на грчкото Министерство за култура преку електронска пошта. Тој не ја навел причината за смртта, но во 2018 година беше објавено дека г-ѓа Папас пет години живее со Алцхајмерова болест, пишува Њујорк Тајмс.

Во филмот „Гркот Зорба“ Ирена Папас глумеше грчка вдовица која селаните ја каменуваа поради нејзиниот избор на љубовник. Во политичкиот трилер „З“ (1969) од Коста Гаврас, сместен во грчкиот град Солун, таа ја глуми вдовицата на ликот кој го игра Ив Монтан.

Родена е во 1926 година во Коринт, Грција. Таа остави свој белег во европските филмови во раните 1950-ти. Кога го имаше своето деби во театарот, беше опишана како „прекрасно суштество во едноставен долг фустан со набори, кое се движи величествено и во исто време едноставно, како да оживеала во каријатида (мермерна статуа на жена во архитектурата на античките Грци).

Каријатида како прекар ќе ја следи во текот на целиот нејзин живот. Таа имаше театарска кариера со претставите на Ибзен, Шекспир и класични грчки трагедии, пред кариерата во филмот. Првиот филм го сними во 1948 г. Учествуваше на Канскиот фестивал со својот втор филм во 1951 година и таму доживеа огромен успех.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....