03:43 - 3 април, 2026

Почина хрватскиот поп пејач Јасмин Ставрос: Си замина брзо, само неколку месеци по дијагнозата на рак на коски

Хрватскиот популарен поп пејач Јасмин Ставрос почина на 68-годишна возраст. Тој се бореше со сериозна болест, рак на коските и се лекуваше во Болницата „Ребро“.

На крајот на март годинава беше потврдено дека Ставрос боледува од рак на коските. Пејачот веднаш бил хоспитализиран, а лекарите се посомневале дека ракот му се проширил на желудникот.

По веста дека му бил дијагностициран рак на коските, Јасмин Ставрос проговоре од болница и за хрватските медиуми откри дека се бори за живот.

– Сега уште се сомневаат дека можеби имам и рак на желудникот. Дај боже тоа да не се случи, бидејќи би било погубно за мене. Страшно боли. Ме боли грбот. Одам на зрачење и тие зрачења се многу болни и морам да легнам и потоа се прави контакт со моите нерви и тоа е страшно болно, но морам да издржам тие десет минути – додаде тогаш Јасмин и објасни дека симптомите од болеста ги почувствувал во јануари со болки во желудникот.

Тој пред две недели Ставрос беше префрлен на Клиниката за белодробни заболувања во Јордановац откако му се појавија дополнително и компликации со белите дробови.

„Точно е дека пациентот е префрлен во Јордановац поради компликации. Не можам да кажам за какви компликации станува збор“, рече тогаш Федор Шантек, специјалист по радиотерапија и онкологија од загрепската КБЦ Ребро.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....