12.8 C
Скопје
13:21 - 24 март, 2026

Почина еден од најуспешните модни дизајнери во светот – Русинот Валентин Јудашкин имаше 59 години

Еден од најуспешните руски модни дизајнери Валентин Јудашкин почина на 59 годишна возраст, јави порталот Руска реч.

Во текот на неговите 35 години во свето на модатат, како пишува Руска реч, Јудашкин, реализираше голем број значајни проекти: од дресови за Олимписката репрезентација на Русија до сопствената модна куќа Valentin Yudashkin со продавници во Хонгконг, Франција и Америка.

Првата сериозна колекција на Јудашкин беше претставена во 1991 година во Париз како дел од „Неделата на висока мода“ и беше наречена „Фаберже“.

Секој фустан од оваа колекција може слободно да се нарече уметничко дело (денес се чуваат во музеите низ светот, вклучувајќи ги Лувр и Калифорнискиот музеј на модата).

Јудашкин дизајнираше не само haute couture и pret-a-porter, туку и додатоци, долна облека, чевли, накит, часовници, порцелан и предмети за ентериер.

„Денешната жена е прагматична, концептуална и знае што сака. Мојата хероина е млада, сексипилна, се занимава со спорт, активна е… и работи!“, вака ги согледуваше Јудашкин современите дами.

 

Слични објави

(Фото) Благоја Грујовски запеа за мајката на Гавазова со посебен повод

msp-admin

„Нe сум родена да живеам сама“ – ексклузивна исповед на Ана Бекута

E.A.

(Видео) Елена Велевска проговори за децата: Секогаш навивам за син ми

msp-admin

„Ти Станија не треба да бидеш пример на девојчињата“ – Понижувањето кое старлетата го доживеа во емисијата на Сања Маринковиќ и денес се прераскажува

E.A.

Миро Кацаров во прегратка на двете деца, посебна слика на водителот со Тадеј и Миа

msp-admin

„Тогаш Бог почнува…“: Лазиќ ноќеска објави снимка од дворот во Брестач

E.A.
Се вчитува....