17:39 - 7 април, 2026

Почина еден од најдобрите српски режисери Срѓан Кољевиќ, не успеа да се избори со тешката болест

Почина Срѓан Кољевиќ, српскиот сценарист, режисер и професор на Катедрата за драматургија на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Белград. Имаше 56 години. Кољевиќ беше еден од најнаградуваните сценаристи во Србија и регионот и повеќекратен добитник на награди за креативност во областа на сценаријата.

Роден е на 31 декември 1966 година во Сараево. Дипломирал на отсекот драматургија на ФДУ во Белград, каде што започна да предава во 1999.

Режираше два филма по свои сценарија, „Сив црвен камион“ и „Жена со скршен нос“. Филмот „Сив црвен камион“ од 2004 доби 11 меѓународни награди на 40 фестивали и 13 награди на домашни фестивали. Тој беше косценарист на филмот „Клопка“ на Срдан Голубовиќ во 2007, првиот српски филм што влезе во потесниот избор за Оскар и првото српско сценарио чии права за римејк беа купени во Холивуд. Работел и како соработник за меѓународни односи пред Југословенската кинотека. Како што пишуваат српските медиуми тој  боледувал од рак на дебелото црево, а во неколку наврати се собирале средства за лекување.

„Беше наградуван и почитуван во европската кинематографија. Зад себе ги остави и делата на своите ученици, на кои им беше ментор и пример. Тој беше многу, редок достоен професор, колега и уметник, а тажни сме што го нема. И горди што делевме време со него“, велат од ФДУ.

Слични објави

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо
Се вчитува....