7.8 C
Скопје
01:05 - 31 март, 2026

Почина еден од најдобрите саксофонисти во светот

Американскиот саксофонист Вејн Шортер, автор на најслушаните џез композиции, почина на 89-годишна возраст, објави The New York Times повикувајќи се на неговата издавачка Алиша Кингсли која ја потврдила смртта на славниот музичар.

Шортер се прослави свирејќи тенор саксофон со тапанарот Арт Блејки во доцните 1950-те, а следната деценија свиреше и во квинтетот на не помалку прославениот трубач Мајлс Дејвис со пијанистот Херби Хенкоки, басистот Рон Картер и тапанарот Тони Вилијамсон.

Автор е на некои од најпознатите песни на квинтетот како што се „E.S.P.“ и „Nefertiti“.

Авторството на Шортер го фалеше и Хенкок.

„За мене главен автор во таа група беше Вејн Шортер… Вејн Беше еден од ретките луѓе кои на Мајлс му носеа музика којашто потоа не се менуваше“, рече своевремено славниот клавијатурист.

Шортер во 1960-те години водеше свој бенд кој произведе низа албуми, меѓу кои се „„Јuju“, „Speak No Evi„ и „Adam’s Apple“.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....