00:02 - 31 јануари, 2026

Почина Драган Б. Костиќ: „Патувај мирно, Диско селекторе“

Утринава, на 75-годишна возраст, почина Драган Б. Костиќ, истакнат македонски музички новинар, радиоводител и еден од најпрепознатливите гласови во историјата на Македонското радио.

Тажната вест ја соопшти неговиот син Бане Костиќ, кој преку социјалните мрежи напиша:

„Со длабока тага ги известуваме роднините, пријателите и познаниците дека утринава почина Драган Костиќ – сопруг, татко и дедо. Поменот ќе се одржи утре, недела, 21 декември, од 12:30 до 13:30 часот, во капелата на гробиштата Бутел. Семејството изразува искрена и длабока благодарност до целиот тим и раководството на Државната неврохируршка клиника во Скопје, особено до д-р Благоја Шунтов, за грижата, посветеноста и хуманоста. Нека му е вечна слава и спомен. Патувај мирно, Диско селекторе.“

Драган Б. Костиќ е роден на 10 јуни 1950 година во Скопје, а својата долгогодишна и влијателна кариера ја изгради во Македонското радио, каде остави длабока трага во домашната радиофонија. Најшироко е познат како автор и водител на култните емисии „Диско селектор“ и „Заборави ако можеш“.

„Диско селектор“, кој започна со емитување на 29 јуни 1974 година, со децении беше музички репер за неколку генерации слушатели. Емисијата „Заборави ако можеш“ стартуваше во 1991 година и до 2013 година го достигна своето 4.500-то издание.

По повод 30-годишнината од „Диско селектор“, во јуни 2004 година, Костиќ организираше голема музичка забава на лизгалиштето во Скопје, која собра околу 6.500 посетители и остана запаметена како еден од најмасовните музички настани од тој тип.

Тој е автор и на други популарни радио-формати како „Радиоурнебес“, „Пријатели, добар ден“ и квизот „Јас ли сум на ред“. Познат беше и како исклучителен колекционер на музика, со колекција од над еден милион аудио записи, една од најголемите во регионот.

Во 2018 година ја започна и телевизиската емисија „Б со точка“ на Телевизија 24, која се емитуваше во две сезони.

Со заминувањето на Драган Б. Костиќ, македонската медиумска и музичка сцена изгуби голем професионалец и автентичен хроничар на музичките времиња.

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо

(Фото) Азис позираше со сопругот: „Ви посакуваме среќа на сите“

E.A.

Босанац купил стан од Вики Миљковиќ: Тој има една од најскапите вили во Белград, сега стана сопственик на уште една недвижност

Еспресо

Ја пронајде својата среќа: Харис Џиновиќ има нова партнерка која е 20 години помлада од него

E.A.

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо
Се вчитува....