13.8 C
Скопје
15:41 - 23 март, 2026

Почина братот на Силвана Арменулиќ: „Ти благодариме за љубовта и спомените“

Почина Абудин Бајрактаревиќ, брат на легендарната пејачка Силвана Арменулиќ. Тажната вест на социјалните мрежи ја соопшти неговата сестра Дина Бајрактаревиќ Николиќ.

Во емотивна објава таа напиша дека семејството со голема тага се простува од својот сакан брат.

„Со голема тага ги известуваме роднините, пријателите и познаниците дека нè напушти мојот драг брат Абудин Будо. Засекогаш ќе остане во нашите срца, мисли и молитви. Ти благодариме за сета љубов, добрина и спомени што ни ги остави. Почивај во мир. За терминот на погребот дополнително ќе известиме“, стои во објавата.

Дина во едно од своите поранешни интервјуа зборуваше и за болката по трагичната смрт на Силвана и нивната сестра Мирјана. „Никогаш нема да ја заборавам таа ноќ. Мојот крик се слушаше низ целата зграда. Во истиот момент знаев дека се случило нешто страшно“, изјави таа.

Трите сестри, како што раскажуваше Дина, биле неразделни. Иако пред публиката Силвана изгледала силна и самоуверена, пред семејството ја покажувала својата ранливост и тага, особено по концертите кога се враќала во тивок дом.

Слични објави

(Фото) Ден низ неговите очи: Ивона Јо на романтично патување со сопругот

Еспресо

(Фото) Катарина Лазиќ покажа како изгледа денот во семејниот дом по трагедијата

Еспресо

(Видео) Сузана Гавазова: „Јас ја имам главната моќ дома“

Еспресо

Бундите ги чувала во фрижидер, сега ги распродава чевлите! Сека Алексиќ направила „чистка“ на плакарот

Еспресо

Се омажив млада и не сакав да пеам дур не порасне синот: Даниела Темелковска со емотивна приказна

Еспресо

Маја Николиќ го покажа пластичниот веренички прстен: „Не ми требаат дијаманти…“

Еспреси
Се вчитува....