00:39 - 6 април, 2026

Почина актерот Андре Брауер, ѕвездата на сериите „Убиство: Живот на улиците“ и „Бруклин 99“: „Ни покажа што е живот“

Актерот Андре Брауер, кој го гледавме во хит криминалистичката серија од деведесеттите „Убиство: Живот на улиците“, почина на 62-годишна возраст. Брауер кратко време бил болен, а не е познато каков точно здравствен проблем имал.

Ќе остане запаметен по улогата на детективот Френк Пемблтон во серијата „Убиство: Живот на улиците“, која следеше група детективи во полициска станица во Балтимор и се емитуваше од 1993 до 1999 година. За оваа улога тој ја освои наградата Еми.

Се пролави со улогата на војник во филмот „Глори“, а го гледавме и во комедијата „Бруклин 99“, во трилерот „Исконски страв“, во филмот „Get on the bus” и во научно фантастичниот филм „Фрекфенција“.

„Не Можам да верувам дека си замина. Чест беше да те познавам, да се смејам со тебе и да делам прекрасни осум години гледајќи го твојот неповторлив талент. Боли, не напушти прерано. Не научи на толку нешта, секогаш ќе ти бидам благодарен. Ти благодарам за мудроста, љубезноста и пријателството. Ми покажа што е животот кој се живее како што треба“, напиша глумецот Тери Круз со кој Брауер глумеше во серијата „Бруклин 99“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Terry Crews (@terrycrews)

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....