07:03 - 6 април, 2026

По венчавањето во црква, Анастасија и Гудељ планираат голема свадба, но далеку од Србија: Еве кога и каде

Анастасија Ражњатовиќ и Немања Гудељ се венчаа – своето судбоносно „да“ го кажале во манастирот Рајиновац недалеку од главниот град на Србија пред десет луѓе, додека, како што дознава српски „Блиц“, веќе извесно време планираат голема свадба.

Големата свадба ќе биде организирана следното лето и тоа далеку од Србија.

Тие одлучија венчавката да биде во Шпанија, па таму ќе ги соберат сите нивни драги луѓе, а сигурни се дека сите со задоволство ќе им дојдат во оваа европска земја, за да им го разубават посебниот ден, пишува српски „Блиц“.

Гудељ веќе подолго време живее во Шпанија, бидејќи игра за „Севиља“, додека Анастасија постојано зборувала за тоа колку ја сака таа земја.

Старосватица на Анастасија Ражнатовиќ на црковната венчавка била нејзината најдобра пријателка, актерката Тара Милутиновиќ, а таа одлука пејачката ја донела одамна.

На Гудељ пак, кум му бил другар од детството.

принтскрин инстаграм

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....