По подолго време се огласи македонскиот кантавтор Ѓорѓи Крстевски кој подолго време е повлечен од јавноста.
Преку социјалните мрежи, пејачот сподели емотивен потсетник на една од неговите најубави песни, безвременската „Песна за тебе“ чиј автор на музиката и на текстот е Калиопи, а аранжер е Дарко Димитров. Крстевски, оваа песна ја испеа на македонскиот избор за Песна на Евровизија во 2002 година.
„Една од моите најомилени песни“, напиша тој на својата инстаграм-приказна.

Ѓорѓи Крстевски со години важеше за еден од најталентираните пејачи и автори во Македонија, познат по неговата способност да пренесе длабока емоција преку текст и мелодија. Неговите песни се редовен дел од радијата, иако тој во последно време е помалку активен со нови проекти.
