3.8 C
Скопје
19:38 - 18 февруари, 2026

Откриена причината за смртта на мајсторот во боречки вештини на сите времиња

Познатиот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли почина многу млад, на 32-годишна возраст, на 20 јули 1973 година. Веста за неговата смрт брзо се прошири, а лекарите врз основа на обдукцијата констатираа дека тој починал од оток на мозокот.

Кога во јавноста беа објавени слики од неговото отечено лице, теоретичарите на заговор рекоа дека тој бил отруен, а главен виновник била неговата тогашна љубовница. Други тврдеа дека го убиле кинески гангстери, а суеверните отишле чекор понатаму велејќи дека го убило проклетство.

Сега, 49 години по неговата смрт, истражувачите пак ги разгледале доказите и заклучиле дека Брус Ли најверојатно починал од премногу вода во организмот.

„Бубрегот не можел да го исфрли вишокот вода и затоа Брус Ли умрел“ – напиша тим од експерти во списанието „Clinical Kidney Journal“.

Според студијата, Брус имал неколку знаци на ризик за хипонатремија, вклучувајќи пиење големи количини течности, употреба на канабис – што ја зголемува жедта – и други фактори кои ја намалуваат способноста на бубрезите да функционираат.

Неговата сопруга Линда откри дека Брус пред смртта бил на диета со морков и јаболко.

И Метју Поли – кој ја напиша биографијата на Брус Ли во 2018 година, „A Life” – споменува земање вода на денот кога умрел.

Студијата во својот заклучок вели:

„Ние претпоставуваме дека Брус Ли починал од специфична форма на бубрежна дисфункција: неможност да се излачува доволно вода за да се одржи хомеостазата на водата, која во голема мера е тубуларна функција. Ова може да доведе до хипонатремија, церебрален едем (отекување на мозокот ), а смрт во рок од неколку дена.”

Исто така е објавено дека Брус Ли бил чест корисник на канабис, а неговото конзумирање може да ја зголеми жедта.

Слични објави

Малечко девојче го украде шоуто на концертот на Нина Бадриќ: Ѝ даде неочекуван подарок

Еспресо

Јелена искрено проговори за почетоците со Слоба Радановиќ: Имав анксиозност, не верував дека постојат такви лудаци

Е.А.

(Фото) Романтично дежа ву: Парис Хилтон повторно запросена од сопругот, овојпат пред нивните деца на плажа во Туркс и Кајкос

Еспресо

Конфликт на „Пинкови ѕвезди“: Бојана Лазиќ го прекина шоуто по остриот настап на Десингерица

Еспресо

Познатиот српски јутјубер уапсен по несреќата: Пијан предизвикал судир! Се огласи неговиот адвокат

Еспресо

(Фото) Жените полудуваа по него, а сега има 170 килограми: Дали се сеќавате на Ервин од „Големиот брат“?

Еспресо
Се вчитува....