8.8 C
Скопје
08:56 - 15 март, 2026

По 40 години Тим Бартон веќе не сака да работи со „Дизни“: „Тоа е ужасен циркус“

По повеќе од 40 години, режисерот Тим ​​Бартон е подготвен да ја прекине соработката со Дизни.

Бартон, кој почна да работи во познатото студио како аниматор веднаш по завршување на студиите, изјави за „Deadline“ дека повеќе не е заинтересиран да работи со Дизни по „ужасниот голем циркус“ во кој се нашол додека го снимал римејкот на „Дамбо“ во 2019 година.

-Тоа е мојата историја, таму почнав. Бев ангажиран и отпуштен неколку пати во текот на мојата кариера таму. Работата со „Дамбо“ е тоа што мислам дека моите денови во Дизни завршија. Сфатив дека јас сум Дамбо, дека работам во тој ужасен голем циркус, и морав да побегнам. Тој филм, на одредено ниво, е прилично автобиографски, рече тој.

Познатиот режисер, исто така, го критикуваше „Дизни“ дека се оддалечи од помалите проекти во корист на своите етаблирани франшизи „Марвел“, „Пиксар“ и „Војна на ѕвездите“.

-Станаа многу хомогени, многу еднолични. Има помалку простор за различни работи, рече Бартон, кој има снимено доста филмови за „Дизни“, вклучувајќи ги „Кошмар пред Божиќ“, „Џејмс и џиновската праска“, „Алиса во земјата на чудата“, „Дамбо“ и други.

Слични објави

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо
Се вчитува....