06:10 - 7 април, 2026

Планините се негова најголема страст – сè уште се трага по актерот Џулијан Сандс

Продолжува потрагата по англискиот актер со холивудска кариера Џулијан Сандс кој исчезна откако тргна на планинарење на планината Балди во Јужна Калифорнија.

Сопругата на актерот, Еугенија Читковиц, со која тој се ожени во 1990 година, во петокот го пријавила како исчезнат.

Одделот на шерифот Сан Бернардино во четвртокот објави дека спасувачите сè уште трагаат по  актерот, кој моментално живее во Северен Холивуд, а се верува дека исчезнал во областа Балди Боул на планината Болди.

Спасувачите се обидуваат да го пронајдат преку преку мобилниот телефон.

Семејството на актерот наведе дека планините се една од неговите најголеми страсти.

Тие споделија слики што му ги испратил на својот внук, а кои го прикажуваат како се искачува на планината Вајсхорн во Швајцарија во септември. На фотографијата објавена преку The Independent во четвртокот, Сендс се насмевнува додека се искачува по планината. Во друга, тој седи на врвот и ужива во пијалок.

Во 2020 година, Сендс, кој глумеше во мноштво филмови, изјави за Гардијан дека неговото „најсреќно“ место е „блиску до планински врв во славно студено утро“.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....