10:10 - 10 ноември, 2026

Пијаното што Фреди Меркјури го купил за 1.000 фунти достигна баснословна сума на аукција

 Концертниот клавир на Фреди Меркјури, на кој тој ги компонираше речиси сите негови партитури од „Боемска рапсодија“ е продаден вчеравечер за 1.742.000 фунти (околу два милиони евра) на аукција во „Сотби“ во Лондон.

Taa „Јамаха Г-2“ беше главната понуда на наддавањето со илјадници предмети што му припаѓале на пејачот.

Проценетата вредност за клавирот што ја објави аукциската куќа „Сотби“ изнесуваше два до три милиони фунти (2,3 до 3,5 милиони евра).

Британскиот пејач инаку роден како Фарок Булсара, кој почина од СИДА во 1991 година на 45-годишна возраст, го купил пијаното во 1975 година за илјада фунти. Самиот ракопис на „Bohemian Rhapsody“ – веројатно најголемиот хит на неговата група „ Квин“ којшто беше дел од албумот „A Night At The Opera“ од 1975 година, е продаден за 1,3 милиони фунти (1,6 милиони евра).

Тие 15 страници испишани со молив и хемиско пенкало ги откриваат различните насоки на уметникот при создавањето на оваа песна, којашто првично требало да се нарече „монголска рапсодија“, наместо „боемска“.

Слични објави

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо
Се вчитува....