10:22 - 10 ноември, 2026

Брус Спрингстин ги откажа сите концерти, фановите му посакаа побрзо да оздраве и да се врати на сцената

Ветеранот на рок-сцената Брус Спрингстин објави дека на неодредено време одложува осум настапи во рамките на овомесечната турнеја со својот E Street Band поради проблеми со здравјето.

Седумдесет и тригодишниот Спрингстин се лекува од чир на желудникот. Дополнително ќе ги одржи откажаните настапу, почнувајќи од концертот закажан за четвртокот во „JMA Wireless Dome“ во Сиракјуз во државата Њујорк и неодржаниот настап во Филаделфија пред неколку седмици.

„Дополнително ќе ги одржиме тие концерти, а потоа уште некои. Ви благодарам на разбирањето и поддршката“, им соопшти кантавторот во пораката која ја објави на својот профил на платформата Х.

Сопствениците на влезниците за одложените концерти се известени дека ќе добијат информации за одложените термини.

Одложени се настапите закажани за 9. септември во Балтимор, 12. и 14. септември во Питсбург, 16. септември во Ункасвил во Конектикат и 19. септември во Олбани во Њујорк.

Организаторите на северноамериканската турнеја на Спрингстин, која започна минатиот месец и требаше да трае до средината на декември, рекоа дека музичката ѕвезда добитник на Греми „лекува симптоми на пептичен улкус и дека неговите лекари одлучиле да го одложат остатокот од неговите септемвриски емисии“.

Пептичен улкус или чир на желудникот е раничка на слузницата на желудникот и на горниот дел од тенкото црево, а најчест симптом е стомачната болка, велат од клиниката Мајо.

Спрингстин, роден во Њу Џерси, кој го доби прекарот „Бос“ во раните години од неговата кариера во 1970-тите, влезе во Рокенрол куќата на славните во 1999 година и во 2022 година го издаде својот 21. студиски албум „Only the Strong Survive“, колекција на обработки на класична R&B и соул музика.

Слични објави

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо
Се вчитува....